После една сезона која ја помина во Барселона настапувајќи од Севиља на позајмица, холандскиот репрезентативец Лук Де Јонг би можел кариерата да ја продолжи во Мексико.
Севиља според информациите преговара со Толука, клуб кој во минатата сезона беше 11-ти во мексиканското првенство, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Де Јонг во минатата сезона постигна шест голови на 21 натпревар за Барселона, а веќе е познато дека Чави на него нема да смета во следната сезона. Преголем интерес да го задржи нема ниту Севиља, па затоа започнаа преговори со еден од најпопуларните клубови од Мексико.
Толуа исто така покажа интерес за Кавани, но Уругваецот повеќе сака да остане во европскиот фудбал.