Тимот на Мешков Брест во полуфиналето од СЕХА лигата ќе игра против ППД Загреб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вардари избори место на завршниот турнир, но поради позитивен случај на ковид во тимот беше исфрлен од тимот. Меѓутоа сето тоа е малку контроверзно затоа што ако има ризик од останатите играчи на Вардар има и ризик од ракометарите на Загреб затоа што претходно црвено-црните играа против хрватскиот тим.
И тренерот на Мешков, Даниел Гордо смета дека е штета што Вардар нема да може да игра во полуфиналето кое е закажано за утре.
„Сакам да им посакам среќа и здравје на ракометарите на Вардар, штета е што не можат да бидат тука. Им посакувам се најдобро, не можам да замислам како би ми било да сум во таква ситуација, навистина ужансно“, изјави Гордо.
Мешков и ППД Загреб ќе играат утре со почеток од 18:00 часот.