Дома Трансфер зона Интер ја сака ѕвездата на Наполи без пари

Интер ја сака ѕвездата на Наполи без пари

Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е нејасна, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од постигнување договор за продолжување на соработката.

Како што се наведува малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра колку што ги заработува.

Интер внимателно ја следи ситуацијата па е спремен во јануари да започне преговори за да го донесе Италијанецот без обештетување.

Инсиње бара плата од 6 милиони евра по сезона, а Интер е спремен да му ги задоволи барањата доколку дојде без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…