Дома Трансфер зона Готово: Челзи го договори Саул Нигез!

Готово: Челзи го договори Саул Нигез!

Тоа што беше најавено во текот на денот сега доби и потврда, Саул Нигез се сели на позајмица во Челзи, а шпанскиот шампион ќе добие пет милиони евра оштета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Саул претходно ги договори личните услови и до крајот на денот ќе стигне во Лондон на официјализирање на соработката. Интерес за него покажаа Ливерпул и Барселона, но Челзи ја дочека шансата и доведе вредно засилување.

Шпанскиот репрезентативец така ќе го напушти Мадрид после повеќе од девет години. Досега ја промени средината само во сезоната 2013/2014 кога беше на позајмица во Рајо Ваљекано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…