Дома Трансфер зона Реал Мадрид повторно го испрати Кубо кај Трајковски

Реал Мадрид повторно го испрати Кубо кај Трајковски

Такефусо Кубо е испратен на нова позајмица и тоа повторно во Мајорка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот фудбалер на Реал Мадрид повторно ќе мора да собира искуство и тоа во истиот тим со кој пред две години испадна во втората лига.

Сепак, Мајорка експресно се врати во елитата и сега повторно ќе соработуваат со Кубо.

Во меѓувреме минатата сезона Кубо прво беше во Виљареал, но кога не доби минутажа од Унаи Емери „кралевите“ го испратија во Гетафе каде што добро се покажа.

Ова лето го сакаше Реал Сосиедад, меѓутоа Мајорка беше посериозна, а и Кубо сакаше да оди во добро познато опкружување.

Ќе потсетиме, во Мајорка Кубо ќе ја дели соблекувалната со Александар Трајковски, секако ако македонскиот напаѓач не ја промени средината до крајот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…