Илакс Мориба минатата сезона доби прилика во првиот тим на Барселона и таа знаеше како да ја искористи.
Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонските медиуми потврдија дека менаџерите на Мориба не одговориле на последната понуда за продолжување на соработката.
Во исто време, тие откриваат дека пристигнала понуда од Челзи, кој е подготвен да испрати трипати поголема плата за дијамантот од „Ла Масија“.
Вакво сценарио на некој начин најави и Жоан Лапорта, кој пред 24 часа јавно порача дека нема да попушти пред менаџерите на фудбалерот.
Ако Мориба не одговори до крајот на неделата, Барселона ќе го продаде до крајот на преодниот рок за сума меѓу 25 и 30 милиони евра.