Дома Трансфер зона Јувентус пронајде замена за Бонучи

Јувентус пронајде замена за Бонучи

Јувентус ова лето остана без својот најдобар одбранбен фудбалер, Леонардо Бонучи кој се одлучи за шокантен трансфер и премина на „Сан Сиро“.

Иако тренерот Макс Алегри истакна дека има доволен број на дефанзивци и не му е потребна замена за Бонучи, раководството сепак работи на тоа да го засили тимот со уште еден стопер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека изборот паднал на Езекил Гарај, кој моментално го носи дресот на Валенсија, а во минатото играше за Зенит, Бенфика и Реал Мадрид.

„Тутоспорт“ пренесува дека Аргентинецот е реална опција и дека самиот фудбалер сака да се пресели во Торино, а „старата дама“ е спремна да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.

Сепак, на Јувентус нема да му биде лесно да ја убеди Валенсија, бидејќи новиот тренер Марселињо го смета Гарај за еден од најважните фудбалери во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Не беше така одамна 2019 година кога Арсенал изгледаше изгубено, денес ситуацијата е сосем…