Дома Кошарка Дончиќ и Драгиќ ја уништија Германија за полуфинале на Словенија! 🎥

Дончиќ и Драгиќ ја уништија Германија за полуфинале на Словенија! 🎥

Словенија во своето деби на олимпискиот турнир ќе игра во полуфиналето, Дончиќ и друштвото ја победија Германија со 94:70.

Најзаслужни за победата беа Дончиќ и Горан Драгиќ, двајцата заедно уфрлија 47 поени. Од самиот старт најавија дека нема да ја пропуштат шансата за полуфинале, Германија парираше до средината на вториот период, а потоа на сцена стапи НБА тандемот на Словенија.

Како што одминуваше натпреварот прашање беше само со колкава разлика ќе победи Словенија.

Дончиќ беше блиску до трипл-дабл со учинок од 20 поени, 11 асистенции и осум скока. Драгиќ постигна 27 поени, а одличен беше и Тобеј кој стигна до дабл-дабл со 13 скока и 11 асистенции.

Кај Германија Ло и Гиги со 11, односно 10 поени беа единствени со двоцифрен број на поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стојановски со 38 поени го водеше Феникс, Вардар закажа дуел на непоразените

Феникс 2010 ги совлада Ангели со 115:83 и ја запиша петтата победа. Вардар остана без пора…