Давид Алаба ова лето се пресели во Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дефанзивецот после долги години го напушти Баерн, а иако имаше повеќе понуди донесе одлука да продолжи во Мадрид.
Со Бразил Алаба не можеше да се договори за неговата плата, додека во Реал официјално не се откри колку ќе заработува.
Сега германскиот „Де Шпигел“ открива дека за петгодишниот договор во Реал Алаба ќе инкасира 115 милиони евра бруто. Освен тоа Алаба добил и 17.7 милиони евра бонус за потпишување на договорот. Годишните примања ќе му изнесуваат 19.47 милиони евра.
Во Баерн очигледно не можеле да ја изедначат оваа голема понуда на „кралевите“, па затоа 29-годишникот ќе игра во Мадрид.