Американката Кети Ледеки го освои својот прв златен медал на светското првенство во пливање, кое се одржува во Будимпешта. Ледеки оствари доминантна победа на трката на 400 метри слободни.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кети Ледеки на трката на 400 метри слободно победи со време 3:58.34 минути, што е нов рекорд на светските првенства. Ледеки го држи светскиот рекорд во оваа дисциплина, на ОИ во Рио таа пливаше 3:56.46 минути.
Американката во Будимпешта ги одбрани златните медали во оваа дисциплина од Барселона 2013 и Казањ 2015.
Нејзината сонардоничка Леа Смит го освои сребрениот медал, додека бронзата и припадна на Ли Бингџие од Кина.