Дома Македонски спорт Светскиот шампион Алба падна пред Дејан Георгиевски!

Светскиот шампион Алба падна пред Дејан Георгиевски!

Во утринските часови поточно во 06.45 часот по македонко време Дејан Георгиевски ја имаше првата борба на Олимпискиот турнир во таеквондо и истата ја заврши триумфално.

Македонскиот таеквондист, еден од најголемите наши адути за освојување на олимписки медал го совлада актуелниот светски шампион во првото осминафинално коло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Георгиевски во категоријата над 80 кг. успеа после три рунди со резултат 11:8 да го елиминира Рафаел Јуниер Кастиљо Алба од Куба.

Следен ривал според програмата од 08.45 часот по македонско време во четвртфиналето ќе биде претставникот од Брегот на Слоновата коска Сејду Гбане кој беше подобар од Разак Абдул Алфага Исуфу од Нигер со 15:9.

Дефинитивно Георгиевски после оваа борба докажа има сериозни амбиции да се бори за медал во Токио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…