Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ја одбил и последната понуда од „црвените ѓаволи“ за продолжување на соработката, пренесува „Мирор“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Погба влесе во последната година од договорот и Јунајтед се обидува да го задржи па му богат договор од 15 милиони фунти по сезона.
Меѓутоа, тоа не ги задоволило финансиските апетити на Погба и неговиот агент Мино Раиола, па ја одбиле понудата.
Тоа најверојатно ќе ги принуди „црвените ѓаволи“ да се разделат со Погба ова лето бидејќи не сакаат да го загубат играчот без обештетување.
ПСЖ е најсериозен кандидат за неговиот потпис и нуди 50 милиони евра, но Јунајтед за слободата на Погба бара најмалку 70 милиони евра.