„Јуве, пристигнав. И останувам“, порачал Роналдо, а пренесува „Газета дело Спорт“.
И покрај гласините дека португалскиот стопер ќе замине од Јувентус ова лето, Павел Недвед изјави дека клубот не добил никаков сигнал од Роналдо дека сака да замине и порача дека наскоро го очекува во Торино на припремините. Роналдо после завршувањето на Европското првенство е на одмор до 25. јули.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета“ пишува дека 36 годишниот Роналдо веќе одлучил да остане во Јувентус наредната сезона и дека клубот ќе му понуди нов договор. Актуелниот му истекува следното лето. Токму поради тоа кружеа гласини дека може да замине.
Како можни дестинации за Роналдо се споменуваа Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.