Душан Тадиќ стави потпис на нов договор со Ајакс.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Српскиот фудбалер се поврзуваше со преселба во редовите на Милан, но до тој трансфер дефинитивно нема да дојде. Тадиќ потпиша нов договор со холандскиот гигант и сега е обврзан на соработка до 30. јуни 2024 година.
„Душан игра многу важна улога во нашиот тим. Како на теренот така и надвор од него, тој е вистински лидер. Фантастично е што ќе го задржиме во Ајакс на подолго“, изјави директорот на клубот Марк Овермартс.
Во редовите на Ајакс Тадиќ пристигна во 2018 година од Саутемптон и до овој момент одигра 149 натпревари и постигна 76 голови.
Dit is de mooiste club van allemaal…♥️ pic.twitter.com/qlH6AqXwT3
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 16, 2021