Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Спинацола пред финалето се обрати до соиграчите со емотивно писмо

Спинацола пред финалето се обрати до соиграчите со емотивно писмо

Леонардо Спинацола поради повреда нема да игра во вечерашното финале, но и покрај тоа тој допатува во Лондон како поддршка за своите фудбалери.

Спинацола сега со емотивно писмо се обрати сакајќи дополнително да ги мотивира своите соиграчи.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Последната битка е пред нас. Ако можам да го вратам времето се исто ќе направев и сто пати ќе се обидев да го освојам тој метар повеќе за да го свртам натпревбарот. Тоа не е изненадување, тоа се законите на „Аѕурите“. Границите се поместуваат само тогаш кога ќе ја понудите својата душа на соиграчите, повредата ме оддалечи од теренотн, но не и од тимот. Мојот син Матеја иако има само три години разбира зошто татко му ќе го гледа натпреварот од дома“.

„Кога влегов во авион се почувствував како одново да се родив, повторно сум со играчите, а потоа со сонародниците на трибините. Подобро секако можеше да биде, но и полошо. Сега не чека последната битка од турнирот кој секогаш ќе го паметам. Поминавме долг пат од магичните ноќи на „Олимпико“ до храмот на фудбалот и натпреварот со домаќинот. Во мојот случај се додадоа уште неколку километри патувања преку страдањата до Финска“.

„Ќе се вратам во неколку месеци, а вечерва сите заедно ќе спринтаме. Си замислувам како Брајан Кристане, првиот соиграч кој ме тешеше после повредата крева во раце нешто многу повредно и позначајно од мојата глава. Напред „аѕури““, стои во писмото на Спинацола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…