Силекс денес го одигра натпреварот против Петрокуб во првото коло од Конференциската лига.
Тренерот Горзад Михајлов на прес-конференцијата истакна дека е задоволен од прикажаното на фудбалерите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Честитки до играчите, игравме во едни тешки услови на висока температура, како беше за нас така и за нив. Знаевме против каква екипа играме, голот го примивме на начин на кој искрено очекував. Петрокуб покажа дека е квалитетна екипа, не чекаат 90 минути во Молдавија и важно е што денес не изгубивме. Сите знаете каква е ситуацијата во Силекс, оваа екипа одигра три натпревари заедно, за разлика од Петрокуб во кој играат репрезентативци на Молдавија и се четири години заедно“.