Милан постигна договор со Бреша за откуп на Сандро Тонали, кој минатата година играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тонали минатото лето пристигна во Милан на позајмица за 10 милиони евра, а според првичниот договор „росонерите“ требаше да платат додатни 25 милиони евра со бонуси за откуп.
Милан започна преговори со Бреша за да се намали сумата за откуп и двете страни конечно најдоа заеднички јазик. „Росонерите“ ќе го откупат Тонали за додатни 7 милиони евра плус 3 милиони како бонус и во Бреше ќе го испратат младиот талент Олцер.
Тонали денес пристигна во канделариите на клубот и ќе стави потпис до 2025 година, а утре со остатокот од тимот ќе ги започне припремите за новата сезона.