Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Луис Енрике: Ќе навивам за Италија во финалето

Луис Енрике: Ќе навивам за Италија во финалето

Луис Енрике призна дека е горд што неговиот тим стигна до полуфиналено на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвената Фурија“ вчера беше поразена од Италија после пенал рулетот откако во регуларните 90 и продолженијата беше 1:1.

„Среќен сум што стигнавме до тука. Денес и двете репрезентации беа на едно високо ниво. Натпреварот беше спектакл за сите што го сакаат овој спорт. И честитам на Италија, ќе навивам за нив во финалето. Сакам да ја прикажат истата игра и да го подигнат трофејот“.

„Италија го започна натпреварот интезивно, како и ние. На теренот изгледаше како да се натпреваруваат два спортски автомобили, мислам дека го видовме најдобриот фудбал на Европското првенство“.

За крај потврди дека ќе навива за Италија.

„Да, ќе бидам навивач на Италија во финалето“, изави Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Воодушеви на СП 2026, а Реал Мадрид веќе му „фрли око“

Како и обично, големото фудбалско натпреварување изнедрува играч кој бил во сенка за кого …