Дома Фудбал Репрезентации УЕФА ја поправи грешката: „Северномакедонци“ сменето во „Македонци“

УЕФА ја поправи грешката: „Северномакедонци“ сменето во „Македонци“

По реакцијата на Министерството за надворешни работи, УЕФА ја поправи грешката која ја имаше направено со претседателот на ФФМ и генералниот секретар на федерацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Муамед Сејдини и Филип Поповски во УЕФА беа заведени како „Северномакедонци“ и поради тоа имаше реакција од МНР.

„МНР води сметка за точната употреба на државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како и што сме реагирале и претходно, реагиравме и сега до УЕФА со барање да се променат термините согласно Уставот личната карта на земјата во Обединетите Нации“, порачаа од МНР.

Грешката денес е поправена и во делот за националност кај Сејдини и Поповски стои „Македонци“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Големо изненадување: Габриел Жесус избрал нов клуб и тоа во Англија!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус ќе ја напушти Арсенал, но не и Англија. Со свои 29 годин…