Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње би можел да ја промени средината ова лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Инсиње одигра одлична сезона и игра добро на Европското првенство, но преговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во добра насока.
Крилниот напаѓач влезе во последната година од договорот, па Наполи јасно му порача дека ако не стави потпис на нов договор ќе биде продаден ова лето.
Барселона и Тотенхем внимателно ја следат ситуацијата со Инсиње и сакаат да го донесат во своите редови.
Англискиот клуб веќе презеде конкретни чекори и е спремен да ги задоволи финансиските барања на Италијанецот.