Дома Фудбал Против Италија Де Брујн играл со скинати лигаменти

Против Италија Де Брујн играл со скинати лигаменти

Кевин Де Брујн беше во трка со времето и вчера сепак успеа да настапи против Италија во четврфиналето.

Де Брујн против Португалија заработи повреда на скочниот зглоб и мораше предвреме да го напушти теренот. После вчерашниот натпревар откри дека играл со скинати лигаменти.

„Чудно беше што успеав да настапам, се здобив со оштетување на скочниот зглоб. Имав скинати лигаменти. Сепак, чувствував одговорност кон мојата земја, жал ми е што не можев да помогнам да стигнеме до подобар резултат“, изјави Де Брујн.

Ќе потсетиме, Де Брујн имаше мала повреда и во финалето од Лигата на шампионите против Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…