Раководството на Атлетико Мадрид е спремно да се раздели со играчот за врска Саул Нигез, пренесува „АС“.
26-годишниот фудбалер не одигра добра сезона и во еден момент го загуби местото во првиот тим, па е спремен да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Саул Нигез го известил раководството дека сака да направи трансфер ова лето, а Атлетико е спремен да ги слушне понудите.
Баерн Минхен во моментов покажува најсериозен интерес за Саул Нигез, но ситуацијата ја следат и Манчестер Јунајтед, Сити и Челзи.
Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Како негова замена во Атлетико Мадрид се очекува да пристигне Родриго де Паул, чиј трансфер е веќе договорен за 35 милиони евра.