Барселона ова лето сака да ја засили одбраната и е во потрага по квалитетен дефанзивец.
Каталонците се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесуваат шпанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот Лапорт го загуби стартното место во тимот на Гвардиола и е спремен ова лето да ја промени средината.
„Граѓаните“ се спремни да го пуштат, а за неговата слобода бараат сума од 60 милиони евра.Барселона наскоро ќе ги започне преговорите со Сити и веќе стапила во контакт со агентот на шпанскиот репрезентативец.
Лапорт покажува одлични партии на Европското првенство и прави притисок врз „граѓаните“ да му биде дозволен трансфер во Барселона.