Англиските медиуми пренесуваат дека Лидс и Барселона постигнале договор за трансфер на Жуниор Фирпо.
24-годишниот лев бек доаѓа по барање на тренерот Биелса, а тоа најверојатно ќе значи заминување на Езѓан Алиоски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жуниор Фирпо пристигна на Камп Ноу од Бетис за 18 милиони евра, но во последната сезона го загуби местото во првиот тим кај Куман.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека двата клуба го договориле трансферот за 15 милиони евра и останува уште играчот да ги договори личните услови со Лидс.
Ова најверојатно ќе значи заминување од Алиоски, кој се уште не го продолжил договорот со англискиот клуб.