Дома Фудбал Италија Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Милан го „блиндира“ Кеси со нов договор

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Франк Кеси се блиску до договор за продолжување на соработиката до 2026 година.

Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Оваа сезона се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и постигна 13 гола.

Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси веќе влезе во последната година од договорот.

За Кеси интерес покажуваат неколку европски гиганти, но последните информации се дека двете страни се блиску до договор.

Кеси ќе стави потпис на договор до 2026 година и годишно ќе заработува до 6 милиони евра со вклучени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување на Светското клупско првенство: Атлетико и покрај победата против Ботафого не успеа да продолжи понатаму

Ботафого и ПСЖ се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство. Иако Ботафого…