Жорди Алба го изрази своето незадоволство од претходното раководство на Барселона поради разделбата со Луис Суарез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Минатото лето Суарез беше избркан од клубот, се пресели во Атлетико Мадрид, каде одигра клучна улога во освојувањето на шампионската титула.
„Да го даде Суарез на директен конкурент како Атлетико ми изгледа како смешна историја. Тоа воопшто не ми се допадна. Каде после можеш да најдеш таков напаѓач? Луис оваа сезона им ги затвори устите на многу луѓе“, изјави Алба, кој е одличен пријател со Уругваецот.