Џанлуиџи Донарума изгледа ќе стане нов голман на ПСЖ.
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави вчера вечер дека ПСЖ е многу блиску до потпис со Донарума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според неговите зборови клубот од Париз прави се за се да заврши што е можно побрзо, лекарските прегледи веќе биле закажани во тренинг кампот на репрезентацијата на Италија.
Донарума во ПСЖ ќе се пресели како слободен играч. Италијанскиот голман ќе потпише договор вреден 12 милиони евра по сезона.
Во дресот на Милан Донарума одигра вкупно 251 натпревари од кои 215 во Серија А.