Дома Топ вести Ако замине Роналдо, Јувентус тргнува по ѕвездата на Сити

Ако замине Роналдо, Јувентус тргнува по ѕвездата на Сити

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус ќе биде приоритетна цел на Јувентус ова лето, ако Кристиано Роналдо го напушти клубот од Торино.

Новиот спортски директор на „старата дама“ Федерико Черубин веќе работи на неколку фронта, а најголеми промени ова лето ќе претрпи нападот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека иднината на Роналдо и Дибала во Торино не е сигурна, па Алегри составил листа од неколку напаѓачи.

Примарна цел е ѕвездата на Сити, Габриел Жесус, кој не е задоволен од својот статус во тимот и е спремен да се пресели во Италија.

Како алтернати се спомнуваат Мауро Икарди од ПСЖ и Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Во исто време шпанскиот напаѓач Алваро Мората сигурно ќе остане во тимот, повторно како позајмен од Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…