Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Андерлехт

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Андерлехт

Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новата белгиска ѕвезда која го привлече вниманието на европските гиганти.

21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.

За него интерес покажуваат Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Лајпциг, Севиља и Баерн Минхен, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Андерлехт потврди дека е спремен да го пушти Локонга, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…