Веќе започна борбата за потписот на Џанлуиџи Донарума, откако стана јасно дека голманот го напушта Милан како слободен агент.
Италијанските медиуми пишуваат дека Донарума е блиску до договор со Барселона, а „Тутомеркато“ објави дека минатата недела била испратена првата понуда.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Претседателот Жоан Лапорта му понудил петгодишен договор на 22-годишниот чувар на мрежата со годишна плата од 10 милиони евра.
Лапорта е воодушевен од идејата да го ангажира Донарума без обештетување, а тоа ќе му отвори простор за продажба на Тер Штеген.
Интерес за Домарума покажуваат уште Јувентус и ПСЖ, но Барселона е најблиску до неговиот потпис.