Џанлуиџи Буфон ќе го напушти Јувентус во кој помина 19 од последните 20 сезони, една одигра во ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се уште Буфон не објавил каде ќе ја продолжи кариерата, а во одлуката би можел да му помогне клубот во кој започна да игра фудбал. Италијанските медиуми пишуваат дека Парма која сезонава испадна од Серија А покажала интерес да го доведе.
Кариерата Буфон ја започна во Парма, а од 1995 до 2001 година бранеше за првиот тим на „млекарите“. Сега „Скај Спорт“ Италија пренесува дека 43 годишниот би можел да се врати во Парма за да и помогне да се врати помеѓу прволигашите.
Меѓутоа како заинтересиран се споменува грчки Олимпијакос и два неименувани клубови од Бразил.
Парма вчера за нов тренер го доведе Енцо Мареска кој се уште не работел како главен тренер. Минатата сезона го водеше У-23 тимот на Манчестер Сити и две години е помлад од Буфон, а беа соиграчи во Јувентус од 2001 до 2004 година.