Арон Рамзи пристигна во Јувентус како големо засилување, но не ги оправда во целост очекувањата во Торино.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми тврдат дека Рамзи би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Ливерпул.
Јирген Клоп е во потрага по квалитетно засилување за средниот ред и во Рамзи гледа идеална замена за Вајналдум.
Јувентус е спремен да го продаде и да се ослободи од неговата висока плата, а и самиот играч сака да се врати во Премиер лигата.
Ливерпул веќе стапил во контакт со агентот на Велшанецот и работи на трансферот.