„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус ќе прави голема реконструкција по завршувањето на сезоната.
Најголеми промени ќе претрпи средниот ред и ведникот тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира повеќе од 50 милиони евра.
Најголема желба на Пирло е Мануел Локатели од Сасуоло и Хусем Оуар од Лион, а „бјанконерите“ веќе започнаа преговори со двајцата.
Рамзи и Рабио се едни од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус ќе се ослободи од нивните високи плати.