Дома Фудбал Пандев со гол и асистенција против Аталанта (Видео)

Пандев со гол и асистенција против Аталанта (Видео)

Денеска во рамките на 37. коло во Серија А Џенова загуби на домашен терен со 3:4 од екипата на Аталанта.

Во првиот дел гостите водеа со 0:3, по еден погодок запишаа Запата во деветтата, Малиновски во 26 и Госенс во 44 минута од средбата.

Од стартот на вториот дел настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој запиша еден гол и асистенција. Најпрвин во 67 минута од пенал намали на 2:4, а во 84 минута асиститираше до Шомуродов за поставување на конечниот епилог.

Џенова веќе го обезбеди опстанокот во најсилното италијанско првенство, моментно е на 14 позиција со 39 бодови. Својот последен меч сезонава ќе го има на 23 мај на гостувањето кај Каљари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…