Дома Останати Кошарка НБА Одличен Богдановиќ, Дончиќ го предводеше Далас до 41. победа во сезоната 🎥

Одличен Богдановиќ, Дончиќ го предводеше Далас до 41. победа во сезоната 🎥

Далас Маверикс на одличен начин ја започна борбата за пласман во плеј-офот. Предводени од Лука Дончиќ стигнаа до 41. Победа оваа сезона, па имаат се во своите раце во последните два меча од сезоната.

Изминатата вечер Далас беше подобар од Њу Орлеанс со 125:107. Дончиќ блескаше со 33 поени, осум скокови и исто толку асистенции. Словенецот лошо влезе во мечот и во првата четвртина имаше шут 2/7 од игра, а потоа следуваше магија во втората четвртина. Во тој период постигна 17 поени од кои пет тројки и тоа без грешка, 6/6 од игра, 5/5 од игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас ги имаше првите три стрелци на натпреварот, Тим Хардвеј постигна 27 поени, а Кристап Порзингис додаде 19. Најефикасен кај Њу Орлеанс беше Еик Бледсо со 15 поени.

Одлична вечер имаше и српскиот ас Богдан Богдановиќ. Атланата го победи Вашингтон со 120:116 и така го обезбедија пласманот во плеј-офот. Богдановиќ со 20 постигнати поени беше трет стрелец на натпреварот. Вестбрук беше најефикасен со 34 поени, 15 асистенции и 5 скокови, а во кај Атланта Јанг уфрли 33 поени, девет асистенции и запиша осум скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Вашингтон 120:116, Бруклин – Сан Антонио 128:116, Кливленд – Бостон 102:94, Далас – Њу Орлеанс 125:107, Јута – Портланд 98:105, Лејкерси – Хјустон 124:122.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…