Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин соопшти дека клубовите кои работеле на Суперлигата ќе сноснат последици.
Вистински хаос настана во светот на фудбалот откако во неделата беше објавен договор за креирање на Суперлига од страна на 12 клуба, но планот пропадна само 48 часа подоцна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на УЕФА Чеферин тврди дека го видел распоредот на натпревари и во него само Јувентус и Реал Мадрид играле секоја недела.
„Еден клуб денес ми го испрати распоредот на натпревари од Суперлигата. Изгледаше смешно, само Јувентус и Реал играа секоја недела. Работиме со нашиот тим за постапка против клубовите, ќе има последици за сите. Сепак, ќе го земеме во предвид тоа што Англичаните ја признаа грешката. Имавме 235 клубови на наша страна од 247, сега имаме 244“, порача Чеферин.
Клубовите кои не се на страна на УЕФА се Јувентус, Реал Мадрид и веројатно Барселона.