Дома Фудбал Бензема: Натпреварот со Барселона е најголемиот во светот

Бензема: Натпреварот со Барселона е најголемиот во светот

Утре на програмата е „Ел Класико“ и ова ќе биде второ соочување на големите шпански ривали.

Французинот Карим Бензема е во одлична форма и тој ќе биде предводникот на нападот на „кралевите“. Французинот очекува тврдо и неизвесно надигрување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Натпреварот со Барселона е најголемиот на светот. Не само за мене, туку и за најголем дел од навивачите. Така е поради историјата која ја имаат двата клуба. Важно е секогаш да се оди на победа. Ние ќе играме на победа, ова е како едно финале за нас, исто е сигурно и за нив“, смета Бензема.

На првиот натпревар кој се играше на „Камп Ноу“ Реал ја победи Барса со убедливи 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најубавата фудбалерка во светот танцуваше поради титулата во Серија А (Видео)

Швајцарската фудбалерка Алиша Леман со своите соиграчки од Јувентус ја освои титулата шамп…