Се уште во целост не може да се исклучи враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, без оглед што последните најави од Париз беа дека ќе потпише нов договор со ПСЖ.
Нејмар наводно се согласил на нов договор со ПСЖ според кој би заработувал 36 милиони евра по сезона со важност до 2026 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ сепак тврди дека соблекувалната на Барселона на чело со Лионел Меси едногласно го прифатила можното доаѓање на Бразилецот. Посебно за враќање на Нејмар се постарите играчи кои имаа прилика да играат со него во Барса.
Се шпекулира дека Нејмар би можел во Барселона само ако ПСЖ доведе некоја ѕвезда од Барса како Гризман, па да се направи некоја трампа.
Едно е сигурно, враќање на Нејмар сигурно многу ќе значи за Барселона која не игра баш најдобра сезона, но и понатаму е во игра за титулата во Шпанија.
Нејмар во Барселона играше од 2013 до 2017 година и со клубот во тој период освои две лигашки титули, Лига на шампиони, Суперкуп на Европа, Светско клупско првенство, Суперкуп на Шпанија и три кралски купа.