Дома Македонски спорт Германски новинар го лоцира проблемот на Мурињо – потребен му е „нов Пандев“!

Германски новинар го лоцира проблемот на Мурињо – потребен му е „нов Пандев“!

Жозе Мурињо се соочува со проблеми во Тотенхем, а подолго време во фудбалската јавност се поставува прашањето – „дали тој се уште е специјалниот?“

Без сомневање Мурињо е еден од најдобрите стратези во последните 20 години, но многумина ќе кажат дека неговото време е поминато. И во Манчестер Јунајтед претходно и сега во Тотенхем Жозе никако не успева да ја наметне својата фудбалска филозофија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот медиум „Auswärtsspiel“ смета дека го лоцирале проблемот и порачуваат – на Мурињо му треба „Нов Горан Пандев“. Сите добро се сеќаваат како Пандев се жртвуваше во Интер и место на својата позиција прифати да игра на позиција која му ја „измисли“ Мурињо.

Во Интер Пандев играше нешто попвлечено и беше еден вид точка на поврзување со нападот и одбраната.

Може да се забележи дека Мурињо денес ја нема онаа контрола над соблекувалната која ја имаше во минатото, кога воведуваше вистинска дисциплина и се слушаше само неговиот збор.

Новинарот кој ја пишува колумната напоменува дека сега на Жозе му е потребна нова идеја, некој кој ќе му верува и ќе спроведува се што тој замислува или поедноставно, нов „Пандев“…Дали ќе го најде времето ќе покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …