Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера имал проблем со шпанската полиција во Валенсија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барди со неговото „Порше Панамера“ бил запрен од собраќајната полиција за рутинска контрола. Македонскиот фудбалер ги приложил документите, а проблемот настанал кога полицијата сметала дека возачката дозвола издадена од МВР му е фалсификат.
Полицијата не му дозволила на Барди да продолжи со управување на автомобилот и го информирале дека може да се соочи со кривична одговорност за собраќаен прекршок, но и фалсификување на официјални документи.
Денес Барди се огласи со соопштение на социјалните мрежи.
„По информацијата од еден медиум кој објави дека е отворена постапка против мене за наводно фалсифкување на документи, поврзано со мојата возачка дозвола. Сакам да објаснам дека возачката која ја приложив при рутинската контрола во понеделникот на 5. април е потврдена од соодветни институции во мојата земја. Утрово до локалната полиција го доставив и сертификатот издаден од Министерството на внатрешни работи со што се потврдува валидноста на возачката дозвола. Недоразбирањето кое беше направено брзо ќе биде расчистено“, стои во соопштението кое го објави Барди.
— Enis Bardhi (@enisbardhi10) April 6, 2021