Дома Фудбал Од Ваљадолид не можат да се помират: Кражба и невиден срам!

Од Ваљадолид не можат да се помират: Кражба и невиден срам!

Голема бура од реакции предизвика вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Ваљадолид.

Барселона дојде до победа со гол во 90. минута, во голот немаше ништо спорно, но многу се коментираа две ситуации од претходно. Најголемиот дел од јавноста смета дека судијата во овој натпревар малку повеќе ја „турна“ Барса кон победата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Двете спорни ситуации – погледнете ги тука.

Свој коментар за натпреварот имаше и градоначалникот на Ваљадолид. Оскар Пуенте кој по професија е и адвокат не бираше зборови во своето излагање.

„Кражба, невиден срам! Не можам да прифатам дека немаше пенал за нас после играњето со рака на Алба. Сега има ВАР, повеќе судии и не ми е јасно како никој не реагираше. На располагање имаат 4-5 минути да видат што се случувало и пак немаше пенал. Очигледно намерата на главниот судија беше да помогне да победи фаворитот во овој натпревар“, порача Пуенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…