Капитенската трака на Кристијано Роналдо која заврши на тревата на белградската Маракана после квалификацискиот натпревар за Мундијалот помеѓу Србија и Португалија, на хуманитарна аукција ја купи компанија Mozzart и со тоа обезбеди64.000 евра за лечење на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ!
Аукцијата преку сајтот Лимундо ја спровела организацијата „Заедно за живот“, а завршена е утрово во 09:38, кога понудата на компанија Mozzart во Србија е прогласена за најдобра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„На учество во аукцијата се одлучивме првенствено заради тоа што е од хуманитарен тип, со желба да ја разбудиме општествената одговорност кај поединците, компаниите и организациите. Mozzart веќе долги години помага на многу организации преку кои се собираат средства за лечење на деца. Веднаш се приклучивме на лицитацијата со желба не само да го зголемиме износот за малиот Гаврило, туку и да ја зголемиме свеста за тоа колку е потребно сите да бидеме единствени и со заеднички сили да даваме континуирана поддршка на вакви акции. Лицитацијата ја дигна на нозе цела Србија, а се надеваме дека што повеќе луѓе сега ќе се приклучат и ќе помогнат, согласно своите можности.“ – изјави Борјан Поповиќ, директор на секторот за корпоративни комуникации на Mozzart во Србија.
Да се потсетиме, Роналдо ја фрли капитенската трака на трева незадоволен заради непризнатиот гол, а ја зема младиот пожарникар Ѓорѓе Вукичевиќ, со хумана намера да ја искористи за помош на малиот Гаврило. Гаврило е роден на 7 септември 2020 година, а три месеци после раѓање, констатирано е дека има ретка неуромускулна болест.