Дома Топ вести Гвардиола ќе троши повеќе од 200 милиони за двајца фудбалери

Гвардиола ќе троши повеќе од 200 милиони за двајца фудбалери

Сопствениците на Манчестер Сити се спремни да потрошат повеќе од 200 милиони фунти во летниот преоден рок и тоа за двајца фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Дејли Мејл“ двете главни трансфер цели се голгетерот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд и капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш.

Гвардиола сака да донеде врвни фудбалери, кои се млади и кои ќе бидат носители на нов победнички циклус во следните неколку години.

Халанд на лето ќе наполни 21 години, додека Грилиш во моментив има 25 години, па двајцата одговараат на овој профил.

Доколку Сити не успее да го ангажира Халанд, Гвардиола има алтернатива и ќе се насочи кон Хари Кејн, чија цена е приближна на Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…