Aко веруваме на пишувањата на шпански „АС“ доколку Кристиано Роналдо побара да си замине, Јувентус ќе го продаде за 25 милиони евра.
Јувентус беше елиминиран од Порто во Лигата на шампионите, а во Серија А изгледа како да ја губат борбата за Скудетото со Интер. Поради лошата ситуација во клубот почна да се шпекулира и за можно заминување на Кристиано Роналдо.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Спортскиот директор Партичи изјави дека немаат намера да го продаваат Роналдо, но „АС“ пишува дека таа ситуација може да се промени ако Португалецот изрази желба да си замине.
Споменатиот медиум тврди дека во тој случај Јувентус за Роналдо ќе побара сума од 25 милиони евра.