„Старата дама“ сака да ја покаже својата големина.
Фудбалскиот клуб Јувентус одлучи да не ја прифати понудата за Алекс Сандро и да го задржи Бразилецот по секоја цена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми откриваат дека Јувентус е одлучен во намерата да го задржи левиот бек па дури и да одбие рекордна понуда за еден одбранбен играч. ПСЖ и Челзи се спремни да понудат 70 милиони евра за бразилскиот фудбалер, но Јувентус смета дека со продажбата на важен играч ќе покаже слабост.
Италијанците сакаат да ја покажат својата сила и големина, спремени се на Сандро да му понудата договор до 2022 година и платата од 2.8 милиони евра по сезона, да му ја зголемат на пет милиони евра по сезона.