Серхио Рамос влезе во последните месеци од договорот со Реал Мадрид, вчера тој одрже прес-конферецнија на која се очекуваше да зборува за својата иднина, но не беше така.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рамос зборуваше на други теми и не откри дали ќе го продолжи договорот со Реал на крајот од сезоната. Новинарите го запрашаа дали во иднина би заиграл за Барселона.
„Го познавам Лапорта лично, но нема шанси да заиграм за нив. Дури и да ми понудат 70 милиони евра годишно не би играл за нив. Некои работи не можат да се купат со пари. Не постои можност да заиграм за Барселона“, изјави капитенот на Реал Мадрид.