
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе прави голема реконструкција на крајот на сезоната.
Неколку фудбалери ќе бидат ставени на продажба, а меѓу нив е и Марко Асенсио, пренесува „АС“.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Овој 25-годишен фудбалер после тешката повреда повеќе не заигра на истото ниво, па раководството на Реал е спремно да го продаде на лето.
За него силен интерес покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус, а и самиот играч нема ништо против да се пресели во Серија А.
Поради падот на формата и финансиската криза Реал е спремен да го продаде Шпанецот за сума помеѓу 30 и 40 милиони евра.
„Кралевите“ на лето сакаат да донесат една голема ѕвезда во нападот, па додатно ќе се намали минутажата на Асенсио и Реал верува дека ова е вистинскиот момент за продажба.