Дома Фудбал Малезискиот принц Султан Ибрахим ќе ја спасува Валенсија?

Малезискиот принц Султан Ибрахим ќе ја спасува Валенсија?

На Питер Лим не му оди во Валенсија, клубот сезонава се бори за опстанок, а Лим го продава клубот.

Потенцијален купувач може да биде малезискиот принц Тунку Исмаил Султан Ибрахим. Престолонаследникот на една од 13 држави во Малеснија наводно е подготовен да издвои 408 милиони евра за да го превземе клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што самиот тврди неговиот мотив не се парите туку испишување нова историја со Валеснија.

„Мотивот не ми е да правам пари со Валенсија, ќе се обидам да испишам историј. Фудбалот за мене не е новост, основач сум клуб кој од кандидат за испаѓање стана шампион. Во осум години освоив осум трофеи. Клубот е најголем во јужниот дел од Азија. Сега сакам да ја проширам мојата имкперија и да одам во нови предизвици. Тука сум за успехот, славата и историјата. На Валенсија и е потребен човек со големи амбици и човек кој го познава фудбалот. Првиот чекор ќе биде Валенсија да ја вратиме на фудбалските луѓе“, изјави Султан Ибрахим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…