Дома Фудбал Англија Гвардиола: Најсилен тим во Европа е Баерн, а во Англија – Ливерпул

Гвардиола: Најсилен тим во Европа е Баерн, а во Англија – Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде многу интересен одговор на тврдењето дека „граѓаните“ во моментов се најсилен тим во Европа.

Гвардиола истакна дека најсилен тим во Европа е Баерн Минхен, а во Англија – Ливерпул, бидејќи се актуелни шампиони.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Најдобар тим во Европа е Баерн Минхен бидејќи освоија се што можеше да се освои. Во Англија шампион е Ливерпул, а тоа значи дека тие се најдобри. Ако сакате да му ја земете титулата на некој, треба да ја освоите, а ние се уште не сме освоиле ништо оваа сезона“, истакна Гвардиола.

„Има уште 36 бода за кои се игра во првенството. Секој тим може да загуби нелолку натпревари. Во март не се освојува првенството, треба уште многу да победуваме“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…