Дома Трансфер зона Солскјер: Го следиме Халанд

Солскјер: Го следиме Халанд

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер порача дека неговиот клуб внимателно го следи Ерлинг Халанд.

Халанд во овој момент е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а од кога дојде во Борусија за овој тим постигна 38 голови на 40 натпревари. Солскјер своевремено го тренираше Халанд во Молде.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Внимателно го следиме Халанд. Поминавме 18 месеци заедно така нешто, можеби скоро две години. Тоа беше фантастичен период. Тој сигурно ќе има фантастична кариера. Му оди одлично во Борусија, ќе видиме каде ќе заврши потоа. Како Норвежанец и како некој што работел со него среќен сум што му оди добро“, изјави Солскјер.

Договорот на Хлаанд истекува во 2024 година, откупната клазула во неговиот договор изнесува 75 милиони евра и стапува на сила летото 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…